Блажевска пронајдена кај охридско Велмеј?!
Охридската полиција пронајде женско тело во планинскиот појас над охридското село Велмеј кај месноста Натнасер Бачила,но засега од таму не потврдуваат дали се работи за 14-годишната Маја Блажеска која е пријавена за исчезната на 12- ти ноември минатата година.
Според портпаролот на СВР Охрид,Стефан Димоски, полицијата се сомнева дека станува збор за Маја,но се додека не заврши обдукцијата,како што рече тој,не ќе може да се потврди тоа.Обдукцијата според неговите зборови ќе покаже кои биле причините за смртта на лицето кое е пронајдено и дали има траги на насилство.

Инаку трупот беше пронајден при вчерашната трета акција на полицијата,месното население и ловџиите,а веднаш по пронаоѓањето на безживотното тело на лице место покрај полицијата излегле јавен обвинител и судски вештаци.
Со нови информации околу овој случај СВР-Охрид ќе излезе веднаш по завршувањето на обдукцијата.