Јункер ги советуваше Грците за кого да гласаат

12.12.2014 18:48

Ги предупреди на големи проблеми ако „згрешат“ и ако радикалите победат на предвремените парламентарни избори...

Првиот човек на Европската комисија ги советуваше Грците за кого да гласаат. Ги предупреди на големи проблеми ако „згрешат“ и ако радикалите победат на предвремените парламентарни избори.

„Сакам со Грција да управуваат политичари што ги разбираат малите луѓе кои ги има многу и ги разбираат европските процеси“, изјави Жан Клод Јункер, претседател на ЕК.

Јункер се огради дека не сака да се меша во грчката политика, но дека гласачите ќе ги увидат ризиците од изборот на левичарската Сириза, за којашто анкетите покажуваат дека може да победи на изборите.