Една жртва во сообраќајна несреќа кај Кичево
13.12.2014 12:55
Вчера околу 15:45 минути се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Опел кадет“ управувано од 83-годишниот Раим И. од Скопје и „Опел вектра“ управувано од 38-годишниот Т.Б. од кичевско...

На регионалниот пат Кичево – Осломеј, на раскрсницата помеѓу селата Црвевци и Гарани, вчера околу 15:45 минути се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Опел кадет“ управувано од 83-годишниот Раим И. од Скопје и „Опел вектра“ управувано од 38-годишниот Т.Б. од кичевско.
Во незгодата починал Раим, додека со лесни повреди се здобил Т.Б. и уште двајца сопатници, соопштуваат од МВР.
