Практикантството кај младите пресудно за пронаоѓање работа

13.12.2014 13:18

Практичната работа во фирма пресудна е за да се стигне до квалификувано работно место. Државата веќе има проекти и финансира обука за младите, работадвците и младите подготвени да научат практична работа. И невладините подготвени да помогнат...

Практиканството ги доближува младите до саканото квалификувано работно место. Оваа констатација во последно време го обликува мислењето на младите во Македонија за да ја остварат најголемата желба – да се вработат.

„Како официјалниот, така и неофицијалниот волонтерски сектор и практичната работа се многу важни за младите луѓе како во формирање на лични способности, така и во оформување на професионалниот развој“, вели студент на економскиот факултет во Прилеп.

„Сме задоволни од практичната настава и имаме еднаш неделно“, додава ученичка од средно економско училиште.

Работодавците подготвени да ги примат младите практиканти.

„Практикуваме преку годината да имаме практиканти како од средните училишта, така и од факултетите, бидејќи е од заеднички интерес да ги евидентираме лицата, потенцијалните таленти, кои понатаму би можеле и реално да се вработат“, изјави Дражен Котески од прехранбена индустрија „Дониа“.

Според новите законски прописи, занаетчиите мора да стигнат до сертификат за менторство ако сакаат да ги пренесат тајните на занаетот.

„Првата група од Прилеп од околу 20 лиценцирани ментори завршивме“, вели Кирил Трпшчески од Занаетчиска комора.

Државата со став – искуството значи квалификувана работна сила. Последниве години се финансираат тримесечни обуки на младите до 29 години.

„Оние лица кои си го нашле своето место во конкретната фирма каде сме ги пуштиле на практична работа, тие веќе се вработуваат и си го најдуваат своето место“, нагласува Силвана Пашоска од Агенцијата за вработување, Биро за вработување Прилеп.

Се вклучуваат и невладините. Со проекти за значењетро на практиканството ги анимираат работодавците и младите.

„Да се поттикнат, младите, младата популација на локално ниво за поефиктивно и поефикасно практикантство“, смета Марина Ѓорѓиоска, Центар за граѓански иницијативи.

Проектите на државата и невладините ќе ги доближат младите до работното место.

 

Елизабета Митреска