Рециклирањето е иднината на човековиот опстанок

13.12.2014 16:41

Со намалувањето на ресурсите на планетата земја, рециклирањето е иднината на човековиот опстанок. Калифорнија бара начин како да ги наполни резервоарите со вода по долгиот сушен период. Иднината на употребливата вода се сврте кон рециклирањето...

Југо-западот на САД се уште не може да се опорави од најголемото невреме во изминатите пет години. Најтешко е во Калифорнија - додека во Сан Франциско поплавите носеа автомобили, а по улиците пловеа кајаци, во Сиера Невада дождот премина во снежно невреме кое навеа до 30 сантиметри снег. Сепак, овие временски услови не се гаранција дека ќе ги наполнат водените резервоари кои се испразнија до минимум минатото лето, кога полуостровот ја претрпе најголемата суша во изминатите 1200 години. Решението се бара во промени на инфраструктурата. Во Лос Анџелес веќе почна со работа првата постројка за третирање на водата од тоалетите.

„Се свртевме кон отпадната вода. Наместо да ја враќаме во океанот, ја рециклираме и ја користиме како употреблива вода“, вели Мајк Маркус.

Наместо да собираат дождовница во цистерните, која потоа се филтрира за пиење или со неа се полеваат плантажите, жителите на Калифорнија ќе вадат чиста вода директно од канализацијата.

„Прочистуваме околу 65 милиони галони дневно. Тоа е доволно вода за 600 луѓе. Се отстрануваат растворените минерали, лекови и вируси што ги има во водата“, додава Маркус.

Вода од тоалетот можеби звучи непријатно, и можеби се свестуваме предоцна, но со намалувањето на ресурсите на планетата земја, рециклирањето е иднината на човековиот опстанок. Инженерите што работат во постројката за прочистување смируваат – има вкус на вода бидејќи е вода. И не само тоа, почиста е од која било друга во регионот.

 

Ивана Салтировска