Продолжува истрагата за „Чекан“- инволвирани и државни институции
Нови детали за истрагата на осомничените лихвари во акцијата „Чекан“. Полицијата утврдила инволвираност на некои државни институции и на гостиварската полиција. Затајувале пријави од граѓани што се жалеле на теророт од локалните моќници...

Се открива домашното подземје. Се удри по лихварството, дилерите на дрога, насилствата, заканите. По „Пепел“, „Детонатор“, „Мрежа“ сега и „Чекан“. Покрај осомничените 19-мина, истрагата се проширува и за нови инволвирани
МВР прави проверки во локалната гостиварска полиција и другите институции за кои постои сомнеж дека соработувале со осомничените во акцијата „Чекан“.
Поддршка локалниот криминален бизнис честопати добива од полициски службеници. Се потврди и во Куманово и во Штип. По акциите МВР го смени целиот раководен кадар. Под лупа гостиварската полиција.
„Постојат одредени оперативни сознанија дека во голем број случаи лицата од криминалната група биле пријавувани, но не било соодветно постапувано од надлежните институции. Во продолжени ќе следат проверки на работата на надлежните службеници и на локалната полиција“, вели Иво Котевски, помошник министер за односи со јавноста во МВР.
Граѓаните со подршка да се стави крај на теророт од локални моќници. Ги пријавуваат слуачите на малтретирање. Гостиварци потврдија -- имало лихварство.
Полицијата сеуште трага по првоосомничениот Фадиљ Арслани, кој во изјава за Портал се огласи дека е невин. Доколку е така да се предаде, да се брани по законски пат - му порачуваат од МВР.
Доказите против него ги имаат надлежните институции. Полицијата трага по него. Се вршат проверки и на други лица за кои постојат сомнежи дека се вмешани во криминалниот бизнис на гостиварската група.
Уапсен е 59 годишен гостиварец. Кај него пронајдени мали количини кокаин и хероин, пиштол и куршуми. Заработи кривична. Го сомничи за инволвираност во групата.
Наташа Гркова-Петрушевска
