Изворите со солена вода кај Македонски Брод стануваат атракција

13.12.2014 17:32

Морска вода на континентално поднебје. Богатство што Македонски Брод може и настојува да го искористи како туристички потенцијал. Општината веќе работи на урбанизацијата на локалитетот и негова афирмација заедно со другите убавини што ги има поречието...

Македонски Брод можеби нема море и бродови, но го има еден од најуникатните и единствени раритети на природата во Македонија, извори на солена вода. Изворот е лоциран на 2 км. од селото Сланско, кое и го добило и името по овие солени извори. За да биде уште поинтересно солената вода извира веднаш во самата Сланска река која е со слатка вода. Сега жителите на Сланско покренале иницијатива за негово уредување и поголема туристичка презентација.

„За жал испитувања од што поекнува соленоста на оваа вода не се правени, и тоа треба да се направи, инаку водата е чиста бактериолошки и употреблива“, вели Боро Ристески, организатор на проектот за ревитализација на изворот.

Порано секое село во поречието имало свој ден кога да полни од овој извор, поради слабата издашност луѓето чекале со денови.

Концентрацијата на сол во оваа вода е толку многу голема, што за да ја користите ќе мора еден литар од оваа вода го разредите со 3 литри на слатка вода.

Водата пирано се користела за готвење и за месење на леб.

„Луѓето порано ја користеле водата за леб, чекале со денови за да наполнат, но сега претежно ја користиме за стоката. Може да се искористи изворот и за туризам, бидејќи тоа е едно благо останато од нашите стари“, истакна жител Миле Маркоски, жител на с. Сланско.

Од Општината веќе подготвуваат проект за урбануизација на локалитетот.

„Да го искористиме и овој извор за да дојдат тука туристите, со цел да можат покрај што ќе ја видат солената вода, да има и еден угостителски објект за што ќе побараме и инвеститор“, рече Милосим Војнески, градоначалник на М. Брод.

Освен овој, извор со солена вода во поречието има во селото Слатино.

 

Дарко Штаргоски