Скијање - Светски куп
Пиетила се потсети како е да се победува!
13.12.2014 16:45
28 годишната Пиетила – Холмнер за само седум стотинки беше побрза од Словенката Тина Мазе...

Домашниот снег и патека во Оре им оговараа на шведските скијачки. По четири години, Марија Пиетила – Холмнер ја освари четвртата победа во кариерата во Светскиот куп, триумфирајќи на слаломот којшто беше замена за откажаниот во француски Куршевел.
28 годишната Пиетила – Холмнер за само седум стотинки беше побрза од Словенката Тина Мазе и за 32 од сонародничката Фрида Хансдотер кој остана лидер во поредокот во најтехничката алпска дисциплина со 11 бода повеќе од Мазе.
Сепак, со 180-те освоени бода во двата дена во Оре, Тина е лидер по девет трки во генералниот пласман со предност од 257 бода во однос на Австријката, Ана Фенингер.
