Ракомет, СЕХА Лига

Борац мора да падне

13.12.2014 17:16

Ако моментно претпоследната екипа во регионалната конкуренција и не е голем предизвик, триумфалната разделба од навивачите утре е мотивот плус кој ќе ги води избранниците на Раул Гонзалес до ново славје и затворање на успешната сезона...

На крилјата на триумфот во дербито против Металург ракометарите на Вардар во позитивна атмосфера го очекуваат последниот натпревар дома оваа сезона против Борац во Сеха лигата.

Ако моментно претпоследната екипа во регионалната конкуренција и не е голем предизвик, триумфалната разделба од навивачите  утре е мотивот плус кој ќе ги води избранниците на Раул Гонзалес до ново славје и затворање на успешната сезона.

И покрај улогата на апсолутен фаворит во мечот со бањалучкиот тим, шпанскиот стратег предупредува дека нема место за опуштање. Гостите кои доаѓаат од град со голема ракометна традиција играат многу подобро отколку што тоа го покажуваат резултатите.

Спојот на младост и искуство на бањаучанитреба да биде доволна поука за вардарци кои се во одлична форма и како апсолутни фаворити не помислуваат на друг исход освен триумф, шести по ред во меѓусебните 7 меча во Сеха, по гостинскиот пораз во првата сезона.

Со бодовите од овој дуел за максимален ефект дома на шесте натпревари во оваа конкуренција, актуелниот првак ќе биде најблиску до лидерот на табелата Веспрем со само 3 бода помалку.

Во составот најверојатно ќе се врати плејмејкерот Карачиќ кој поради повреда паузираше во дербито во кое ги немаше и стандардните Штербик, Дибиров, Душебаев.

Во ротацијата на Гонзалес против Металург одлично одработија и резервистите, кои и против Борац треба  да  бидат во прв план. Со сите сили  Вардар ќе нападне на последното гостување оваа година  кај Нексе.

Дуелот Вардар- Борац директно на нашиот собраниски сервис в сабота од 20.15. Ден потоа на истата фрекфенција но од 19 часот двобојот во кој Металург го пречекува унгарскиот шампион Веспрем.