Победа на Вардар за второ место!
Вардар сега е втор со 27 бода или три помалку од Веспрем којшто досега нема пораз, а утре во рамките на 12-то коло ќе му гостува на Металург...

Поради квалитетот, Вардар може да си дозволи да ги одмори најдобрите и повторно без проблеми да совлада екипа како што е Борац од Бања Лука. Црвено – црните слаева во 11-то коло со 31:26 и на натпревар до крајот на 2014-та година се вратија на второто места во СЕХА конкуренцијата. Без Штербик, Карачиќ, Душебајев и Лазаров и со мала минутажа на Дибиров, вардарци одиграа колку што беше потребно за деветтиот триумф во лигата и за седми во осумте дуели со Борац. Постепеното градење на разликата највиско стигна до седум разлика во педесеттата минута. Терзиќ беше најефикасен на мечот со осум гола.
Вардар сега е втор со 27 бода или три помалку од Веспрем којшто досега нема пораз, а утре во рамките на 12-то коло ќе му гостува на Металург. Преносот од дуелот во Арената Борси Трајковски ќе биде во 19 часот на МРТ собранискиот сервис.
Причина за прогресот на табелата на вардарци е и поразот на Загреб кај Татран со 24:23, по што хрватскиот првак сега има три бода помалкју и два натпревара повеќе од црвено – црните.
Мешков Брест како гостин го совлада Нексе со 28.25 и ја дели четвртата позиција со Татран со по 21 бод. Металург е шести со 18, но од само осум одиграни мечеви.
