Сонцето носи големи заштеди

02.01.2014 17:05

Со 230 сончеви денови годишно Македонија може да биде лидер во искористувањето на овој бесплатен енергенс. Токму тоа било причина инженерот Марјан Стеваноски од Прилеп да создаде уникатен систем на соларни панели кој доколку денот е сончев во зима повеќе од 13 часа бесплатно го грее домот. Системот работи во комбинација на соларни панели кои ја загреваат водата и котел кој може да биде на дрва, нафта или струја.

„Во момент кога соларот постигнува температура која е повисока од таа во котелот, тогаш автоматиката пренасочува објектот да биде греен само од соларот, да не троши друга енергија, и температурите во домот преку денот од соларот се 22 или 23 степени“, истакна Марјан Стеваноски, машински инженер.

Доволно е ложење на котелот со дрва само 2 до 3 пати на ден. Корисниците на овој производ се презадоволни.

„Ако до овој период од годината трошев 2 до 3 кубици на дрва, сега немам потрошено ниту половина кубик. Котелот работи до 9 часот наутро, после 9 се гаси и презема сончевата енергија“, вели Борче Лимбески, корисник на системот.

„За една грејна сезона за затоплување на простор од 200 метри квадратни, ако до сега биле потребни околу 100.000 денари, сега ќе бидат потребни само 40.000 преку сила“, додава Марјан Стеваноски, машински инженер.

Овој систем може биде надграден на било кој веќе постојан систем на парно греење, било радијаториски било тоа да е подно греење.

„Во еден нормален зимски, ама сончев ден, температурата на домот е 23 или 24 степни, само преку соларната енергија, без никакво друго догревање“, истакна Трајче Ангелевски, корисник на системот.

Според Стеваноски освен домаќинствата овој систем можат да го користат и цели градови. Доколку едно населено место направи топлана и соларни панели, тогаш едно домаќинство за загревање на простор од околу 100 метри квадратни би плаќало само 3.000 денари месечно.

Инвестицијата за еден ваков систем заедно со парното греење кој би затоплувал простор од 200 метри квадартни чини околу 12.000 евра, а таа би се вратила за 5 до 6 години.

Дарко Штаргоски