Кошарка – Прва лига

Куманово привремен лидер!

13.12.2014 22:26

Со шестиот триумф и со трите порази, Куманово барем привремено е лидер на табелата со бод предност пред МЗТ Скопје Аеродром и Работнички, но и со натпревар повеќе...

Куманово барем денеска ги надмина проблемите и ја совлада Струмица со 88:55 во 10-то коло од кошаркарската Прва лига коешто е последно во 2014-та и во првиот дел од сезоната. За убедливата победа најзаслужен е Урош Николиќ кој реализираше 27 поени и 19 скока. Со шестиот триумф и со трите порази, Куманово барем привремено е лидер на табелата со бод предност пред МЗТ Скопје Аеродром и Работнички, но и со натпревар повеќе.

Кошаркарите на Гоце Делчев пак, го остварија вториот триумф и тоа против Водњански лисици којашто е единствената екипа без победа во лигата. 75:62 за штипјани чијшто најрасполеожен играч беше Никола Караколев со 24 поени.

Фени Индустри и МЗТ Скопје меѓусебниот дуел ќе го одиграат в среда, додека Карпош Соколи в петок ќе го пречека Кожув. Слободен во ова коло е Работнички.