МЗТ Скопје на гостување кај шампионот!
МЗТ Скопје ќе биде ослабен без повредените Стојановски и Симоновски, но ниту загрепчани не се во идеална позиција...

Повредите и напорниот распоред дополнително ја компликуваат ситуацијата на МЗТ Скопје. До крајот на годината, за неполни две недели, аеродромци ќе одиграат пет натпревари, четири во АБА конкуренцијата. Првиот од нив е утрешното гостување кај актуелниот шампион на регионалнато натпреварување, Цибона. МЗТ Скопје ќе биде ослабен без повредените Стојановски и Симоновски, но ниту загрепчани не се во идеална позиција, па во моментов се само за победа пред македонскиот првак на АБА табелата. Преносот од утрешниот дуел Цибона – МЗТ Скопје ќе биде на МРТ собранискиот сервис во 17 часот.
Во саботните натпревари од 12-то кло, Олимпија го совлада Левски со 89:70 и со сомата победа се искачи на третата позиција. Солнок славеше против Крка со 63:59, Задар триумфираше со 69:68 против Партизан кошто со по шест победи и порази е петти, додека Мега Лекс беше подобра од Металац со 99:82.
