Ракомет – Супер лига

Зомимак и натаму несовладлив!

13.12.2014 22:23

Во утрешните натпревари од 13-то коло, Пролет ќе игра со втората екипа на Металург којашто е на третото место...

Зомимак М ја продолжува доминацијата ои стопроцентниот ефект во македонската ракометна Супер лига. Екипата од Струмица ја оствари и 13-та победа и тоа дома против Работнички со 36:30. Второпласираниот Прилеп славеше кај Преспа со 32:25, додека Радови којшто е начетвртата позиција бешше пдобар од Охрид со 36:31.

Во утрешните натпревари од 13-то коло, Пролет ќе игра со втората екипа на Металург којашто е на третото место, додека шесторангираниот Пелситер ќе му гостува на последниот Текстилец.   

Резултати – 13 коло

Зомимак М – Работнички    36:30

Преспа 2010 - Прилеп 2010 25:32

Радовиш – Охрид 2013         36:31

Текстилец - Пелистер 08      утре

Пролет 62 – Металург 2       утре

Табела:

Зомимак М                 39
Прилеп 2010              28 
Металург 2                 24 (-2 меча)
Радовиш                     21
Пролет 62                   18 (-1 меч)
Пелистер 08               18 (- 1меч)
Охрид 2013                17
Работнички                13
Преспа 2010                 6 
Текстилец                    0 (-2 меча)