ЈУБИЛЕЈ: Половина век од првиот ТВ Дневник на Македонската телевизија

14.12.2014 16:28

Преку малиот број ТВ приемници во метрополата и во неколку градови граѓаните имаа прилика да ги слушнат информациите што се случуваат во земјата и во светот. Амбициозно подготвени од првиот тим на информативанта програма кој тогаш почна да се гради...

Пред половина век Телевизија Скопје од згрдата во Нерези го емитуваше првиот телевизиски Дневник. Преку малиот број ТВ приемници во метрополата и во неколку градови граѓаните имаа прилика да ги слушнат информациите што се случуваат во земјата и во светот. Амбициозно подготвени од првиот тим на информативанта програма кој тогаш почна да се гради.

Стотици наши колеги инфромативци низ годините и децениите со многу енергија и ентузијам градеа кариера и минаа дел од професионалниот век овде, заедно со другите републички телевизии – дел од ЈРТ под логото МРТ.

Денеска професионално и секогаш со проверени инфромации и точно наведен извор, информативаната ги пласира најновите случувања во земјата и светот.

Македонската телевизија по 50 години го заокружи процесот на дигитализација и технолошка обнова.