Прилеп доби модерни и безбедни сообраќајници

14.12.2014 16:35

Македонија пат подготвена за зимата. По повеќе децении е асфалтираната една од најфрекфентните делници што го поврзува градот со магистралниот пат за Битола. Заедно со булеварот на влезот од Плетвар, Прилеп доби модерни и безбедни сообраќајници...

Прилеп доби асфалтирани и уредени главни влезови во Градот. По уредувањето на булеварот од влезот кај Плетвар, сега комплетно е завршено асфалтирањето кај клучката што го поврзува градот со магистралниот пат за Битола, кај Паркот на револуцијата. Зафатот е вреден три милиони денари, објаснуваат од „Македонија пат“.

„Се вршеше реконструкција на коловозните ленти. Се вградија до 450 тони асфалт или 3 500 метри квадратни површина“, вели Гоце Стефаноски, раководител на „Македонија пат“, подружница Прилеп

Овој зафат е прв по повеќе децении на една од најфрекфентните делници. Ја зголемува безбедноста во сообраќајот.

„Оваа клучка беше многу амортизирана. Повеќе децении се немаше инвестирано во обновувањето на асфалтната инфраструктура. Со ова асфалтирање многу ќе се подобри безбедноста во сообраќајот на самата клучка и изгледот на градот, бидејќи тоа е еден од главните влезови и излези од градот“, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Пирлеп.

Неодамна, во рок од една година е изграден булеварот на влезот во градот од Плетвар, зафат вреден 80-ина милиони денари, со пари од Светска банка.

Од „Македеонија пат“ уверуваат дека се подготвени за зимата со абразивен маетеријал и со техничка механизација. Особено за одржување на сообраќајот на превојот Плетвар.

 

Елизабета Митреска