Зелен појас на „Црн рид“ за почист воздух во Велес

14.12.2014 16:38

За неколку годинаи помеѓу Топилницата и „Црниот рид“ пол со тешки метали кои се опсаност повздравјето на велешани ќе има зелен појас од Багрм и Јасен. 4.000 садници засадија вработените во шумското стопанство Бабуна. За екологистите ова е чекор плус во процесот на создавање на здрава животна средина...

Започна процесот на оформување на зелен појас  на просторот околу Топилницата и „Црниот рид“. Вработените од шумското стопанство Бабуна засадија околу 4.000 садници главно Багрем и мал дел Јасен.

„Со ова пошумување пред самата депонија сакаме да направиме еден прирподен блок на заштита од онаа прашина која се носи на кај град  Велес“, рече Горан Наунчев, директор на ЈП Шумско стопанство Бабуна.

Огромна количина на тешки метали е сконцентрирана во така наречениот „Црн рид“. Олово, цинк, кадмиум се само дел од  тешките метали кои според сите истражувања се во голем процент присутни  во прашината, воздухот, почната и подземните води. Токму затоа  процесот на озеленување на   просторот за екологистите е чекор кон поздрава животна средина.

„Секое засадено дрво било каде го поздравуваме особено во делот кој што донесе толку траор и  траума  и повредени луѓе во Велес но ќе бев многу посреќен јас лично доколку визијата на градот и надлежните беше прво да се отстрани црниот рид“, вели Игор Смилев, претседател на ЕГ Грин Пауер.

Пошумувањето на парцелата долж Топилницата е дел од есенската акција Ден на Дрвото. 340 илјади садници во Велес се засадија на површина од 78 хектари и тоа на три локации, езерото Младост, Свети Илија и Вршник.

 

Дијана Иванова