Во Скопје е секогаш тешко да се игра
Јоноски и Нелоски и натаму се на листата на повредени играчи во Металург, Мојсовски има проблеми со скршеницата на носот, сите други се подготвени за искушението-битка со еден од најмоќните тимови во регионот и во Европа...

Во последниот натпревар во 2014-тата во спортскиот центар Борис Трајковски екипата на македонскиот шампион Металург го пречекува моќниот Веспрем. Гостувањето на еден од најсилните тимови во Европа за Металург доаѓа во незгоден момент.Одливот на играчи ,повредите и проблемите во составот од Автокоманда комплетно му ја препуштија фаворитската улога на непоразениот тим во Сеха лигата, но со подршка од трибините ,ракометарите на Металург ветуваат максимална борбеност и достојно простување од верните навивачи со надеж дека до следниот натпревар во февруари состојбите во клубот ќе се стабилизираат.
„Тие се секогаш опасни дома и уште имаат квалитетни ракометари.Знаеме дека никогаш не е лесно да се игра во Скопје ,но ке се обидеме да ги освоиме трите бода“-вели тренерот на Веспрем ,Карлос Ортега. Во составот на унгарскиот шампион по повредата се враќе и плејмејкерот Мате Лекаи кој исто така очекува тежок натпревар во Скопје, според него во Веспрем се чувствува и мал замор по напорната полусезона во која загубија само еден натпревар, но и дека не сакаат да загубат бодови во последните натпревари.
Јоноски и Нелоски и натаму се на листата на повредени играчи во Металург, Мојсовски има проблеми со скршеницата на носот, сите други се подготвени за искушението-битка со еден од најмоќните тимови во регионот и во Европа.
Средабата од 12-тото коло на СЕХА е закажана за 19 часот во СЦ Борис Трајковски , а неколку минути порано ќе почне преносот на собранискиот сервис на МРТ.
