Се враќа сјајот на Пелистер- се очекува успешна сезона

14.12.2014 16:57

Со неколку новини и најава за капитални инвестиции „Пелистер“ влегува во претсојната зимска сезона. Санираното свлечиште, обновениот ски лифт и продолжената ски патека се само дел од предизвикот зошто зимава да се дојде во овој наш туристички центар. Албански туристи кој викендов го преполнија хотелот „Молика“ воодушевени од убавините...

Јужен планински масив со Алпски карактеристики. Само на 15 километри од Битола се наоѓа воздушната бања која плени со својата убавина и богата флора и фауна.

„Иако сеуште сум малечок го засакав Пелистер. Многу ми е убаво тука и секој викенд доаѓам со родителите“, вели малиот Александар Христов.

„Пелистер е познат по есенскиот бор Молика, бележаните патеки, недопрените убавини- ние сме секој ден тука и можеме да им помогнеме и на гостите од другите места полесно да стигнат до посакуваните дестинации“, вели вљубеникот во планината, Маријан Талевски.

„Ништо не заостанува зад другите наши туристички центри, напротив има одлична надморска висина, воздухот е чист, а пејсажите плетат свои приказни, едноставно преубаво ми е тука и многу чести доаѓам“, додава Маријан Христов.

Она што го прави посебен е тоа што подеднакво е привлечен во сите годишни времиња, сеуште целосно не го облекол зимското руво, но и од почетната зимска идила се воодушевени студентите на Медицинскиот факултет во Тирана, кои последниов викенд пред почетокот на зимската сезона го преполнија хотелот Молика.

„Прв пат сум на Пелистер. За трите дена престој не можев се да видам, но од она што го видив воодушевена сум, блискоста до градот ни овозможи вчера да појдеме и во градот и да прошетаме по вашиот ’Широк Сокак’ и да ги посетиме другите позначајни културни знаменитости“, вели албанската студентка Фарида Голем.

„Околината околу хотелот е преубава. Има убави пејзажи. Малку време е да ги видиме сите атрактивни места што ги нуди планината, но се надевам дека повторно ќе дојдам“, вели нејзиниот колега Октавијан Дида.

Албанскитте гости ги откупија пансионите и за католичкит Божиќ. Слободно место нема ниту за дочекот на Новата Година. Нема сомнение дека последниве години Пелистер забрзано излегува од некогашната зачмаеност. Санираното свлечиште, продолжената ски патека со ставањето по 15 години на ски лифтот и веќе добиениот сертификат за максимална безбедност на жичарницата, се само дел од предизвикот зимава да се престојува тука

„Ремонтот на жицарницата и ски лифтот го започнавме уште летово. Направена е темелна проверка околу хидрауликата, одевме од столб до столб да се променат сите потребни делови што се неопходни за сигурен превоз на патниците“, вели раководителот на ски центарот „Копанки“, Пеце Здравковски.

Радува и податокот за почеток на постапката за инсталирање на систем за вештачки снег. Постапка која ќе биде дел од големиот инвестициски циклус.

За изминативе 20 години ви хотелот Молика ноќевале околу еден милион гости. Некогашниот елитен капацитет од идната година ќе го започне својот туристички препород. Со инвестицијата на ЕЛЕМ од над два милиони евра ќе се модернизира

Највените нови содржини ќе додадат еднаа ѕвезда повеќе на единствениот угостителско туристички капацитет на Пелистер.

„Со ови капитални инвестиции конечно ќе се оствари нашиот сон, ќе добиеме затворен базен, спа центар, модерна конферециска сала со сто седишта како и некои други содржини кој ќе не направат поконкурентни на туристичкиот пазар“, вели директорката на хотелот Молика, Мирјана Митревска.

Новини има има и на другата страна на планината. По неколку години пауза скијање ќе има и во туристичкит центар „Стрежево“. Обновениот ски лифт и проширените ски патеки повторно ќе ги прифатат оние кои се на почетокот од изучувањето на скијачката вештина.

 

Стевче Митревски