Кои се најуспешните Струмичани?

02.01.2014 17:08

Париз, Минхен, Герлиц, Рига и Пиран се местата од каде седумгодишната пијанистка Ивана Мазнејкова го комплетираше победничкиот поход низ Европа во 2013-та. Овој неверојатен музички талент го препознаваат и оркестрите во Хелсинки и Венеција кои во 2014 планираат заеднички настап. Досега не зборуваше во камера, но празнично, ни ги откри најголемите дожжвувања од патувањата.

- Најголем впечаток ми остави Дизниленд во Париз, сурферите во Минхен, музејот на сонцето во Рига, и детските опери во Софија, вели Ивана Мазнејкова- пијанистка.

Да веруваш дека си посебен и постепено да откриваш дека не си посебен, доволно работа за еден човечки живот. Песната на Милош е стихот на годината на најпреведуваниот македонски поет Никола Маџиров. Издадените книги во Англија, Шпанија, Австралија, поетски читања и кураторство, се само дел од неговата 2013. Во 2014 очекува да го среди поетското море во себе.

- Кога ќе успеам да истражам барем грам во себе, тога ќе се појави нова книга, вели Никола Маџиров, поет.

Од музичкиот кабинет во струмичката гимназија почна приказната на трите дами кои ја освоија првата сезона на Сите наши песни. За Гонце Горгиева, тоа е нејзиниот личен настан во 2013.

-Мора да кажам дека победата на „Сите наши песни“ беше кулминација на сите наши музички настапи, вели Гонце Ѓоргиева.

Струмичани ќе ја паметат 2013 и по дебитантската победа на Александра Јанева на МАКФЕСТ.

Катерина Дафчева