Метеж на шалтерите: Утре истекува рокот за поднесување барања за откуп на дворно место

14.12.2014 17:32

Утре истекува рокот за поднесување барања за приватизација на дворно место- евро за квадрат. Метеж на шалтерите. Во последниве два дена се поднесуваа и над 1.000 барања. Сите кои нема да го откупат земјиштето ќе бидат обврзани да плаќаат закупнина на државата. Екипа на МТВ беше на терен ...

Неработен ден е ама подрачните одделенија за имотно- правни односи работат со полна пареа. Пред шалтерите редица граѓани кои сакаат да си го откупат дворното место. 

Имаше некои кои ги растревожил фактот што немале каде да уплатат бидејќи е недела па ниту банките, ниту поштите работат, но им олесна кога вработените им кажаа дека ќе може утре да уплатат иако денеска го поднесуваат барањето.

„Денеска треба да се уплати, а ниедна банка не работи... До утре е рокот, па може и утре да уплатиме“, велат граѓаните кои ги затекнавме.

Како течат работите од другата страна на шалтерот, нашата камера регистрира во архивата  на едно од подрачните одделенија.

„Ако немате уплатница, ќе доставите утре“, вели службеникот во подрачното одделение.

Ден пред истекот на рокот е, па граѓаните сеуште можат да ја искористат оваа прилика.

Граѓаните можат да поднесуваат барања за откуп за дворно место и утре до 19 часот.

 

Фиљана Кока