Со спортски бон- тон разликите се неважни
Од место на нетрпеливост, насилство и навредени, спортските терени беа претворени во простор за почитување и градење пријателства. Децата од различни етнички заедници кои спортуваа заедно докажаа со спортски бон- тон сите се победници , разликите се неважни ...

Децата докажа – спортските терени се простор за почитување и градење пријателства, а не за насилство и мегуетнички тензии. Заедно спортувааат, се забавуваат, зборуваат на различни јазици, одат во различни храмови. Но разликите ги надминуваат со другарувањето, со радоста за постигнатиот успех. Победничкиот тим не запира. Против противникот се излегува со спортски бон-тон и фер игра, соработка и заедништво. Се надминуваат бариерите.
Да се врати детската насмевка и игра. Наместо децата да бидат робови на информатичките технологии да се придружат кон незаборавните детски игри.
Спортско однесување, од поразите да се извлече поука, на победата да се радуваме сите. Да ги зачуваме игрите на нашите предци.
Да продолжи практиката на почитување и да се подигне нивотот на толаернцијата кон другите. Спортот е универзален јазик.
Проектот Бон Тон ќе добие нова димензија. Како научен труд ќе се промовира во светски рамки. Продолжува и во Македонија.
Наташа Гркова-Петрушевска
