Убедлива победа на Шинзо Абе на парламентарните избори во Јапонија
14.12.2014 19:40
Локалните медиуми јавуваат за слаба излезност- само 35 насто излегле на гласање...

Убедлива победа на Либерално демократската партија на премиерот Шинзо Абе на парламентарните избори во Јапонија. Според првичните резултати освоиле двотретинско мнозинство во Долниот дом на Парламентот односно во новиот парламент владеачката партија ќе има од 275 до 306 пратеници од вкупно 475.
Локалните медиуми јавуваат за слаба излезност- само 35 насто излегле на гласање.
Снежното невреме кое деновиве ја зафати јапонија е причина за слабиот одзив на гласањето.
