Ракомет – СЕХА лига

Веспрем пресилен за Металург

14.12.2014 21:48

Во дуелот со моќниот Веспрем во рамките на 12-тото коло од СЕХА лигата,македонскиот шампион загуби со 27-22...

Веројатно очекуван пораз на Металург во последниот натпревар пред својата публика во финишот на турболентната клупска полусезона.Во дуелот со моќниот Веспрем во рамките на 12-тото коло од СЕХА лигата,македонскиот шампион загуби со 27-22. Но,подмладениот состав на Червар и без повредените Нелоски и Јоноски сепак одигра солиден натпревар ,особено во првото полувреме во кое комплетно му парираше на унгарскиот шампион кој најчесто водеше со 1-2 гола разлика,за сепак во 26-тата минута Металург да поведе со 10-9, но и на поливреме да замине со -1 по серијата на Веспрем од 4-2.

Сепак, Веспрем својата големина ја покажа на почетокот на вториот дел кога за 2 минути направи серија 3-0, феноменалниот Миклер со вкупно 19 одбрани од кои во серија не дозволи 3 пати да биде совладан од 7 метри по што унгарците лесно го контролираа резултатот и играта.

Илиќ  беше најефикасен во протвничкиот тим со 8 погодоци,Родригез постигна 5,додека кај Металург Вугринец 6,а Мојсовки и Ѓукиќ по 4.

Победа со која лидерот на табелата Веспрем го задржа стонастотниот ефект со 11 триумфи во исто толку натпревари,а Металург остана на

6-тата позиција со 5-от пораз во 9-от натпревар, а в среда со последниот натпревар против Раднички на гости ќе ја заокружи полусезоната.