Заложничка драма во Сиднеј

15.12.2014 09:14

Преку прозорците од кафулето се гледаат лица на престрашени луѓе и поставено црно знаме со арапски букви. Очевидци тврдат дека на знамето пишувало „Нема Бог до Алах, Мухамед е божји гласник“...

Вооружен напаѓач веќе осум часа држи околу 30-тина заложници во центарот на Сиднеј. Полицијата го блокираше целосно тој дел од градот во кој се наоѓаат државни институции и седишта на голем број компании, а евакуиран е и сиднејскиот плоштад Мартин.
 
Кафе-продавницата за чоколади Лонт е опколена од неколку стотини полицајци. Преку прозорците од кафулето се гледаат лица на престрашени луѓе и поставено црно знаме со арапски букви. Очевидци тврдат дека на знамето пишувало „Нема Бог до Алах, Мухамед е божји гласник“.
 
Според тамошните медиуми кои известуваат од лице место, до сега пет луѓе се спасиле и истрчале од кафулето.
 
Прво излегле тројца мажи, по шест часа од почетокот на драмата, а час подоцна со трчање излегле и три жени. Не е познато дали избегале или биле ослободени од напаѓачот.