Сточарите кои претрпеа штети од болеста „син јазик“ ќе се обештетат

15.12.2014 10:54

Владата ќе ги обештети сточарите чии стада претрпеа штети од болеста „син јазик“. За оставените женси јагниња и јариње ќе се добијат и по дополнителни 4.000 денари...

Владата ќе ги обешети сточарите со претрпени штети од болеста „син јазик“.

Покрај редовната субвенција од 1.000 денари за обележани овци и кози и 700 за задржано женско јагне или јаре, сточарите ќе добиваат и по дополнителни 4.000 денари доколку задржат женски подмладок наместо угинатите животни.

Владата ќе врши обештетување и за секоја угината крава од оваа болеста, а износот ќе биде согласно староста на говедото, но не повеќе од 30.000 денари.

Крајниот рок за почеток на исплатата на овие средства според календарот е во 2015 година.

 

Методија Трајков