Белгија блокирана од општ штрајк
15.12.2014 10:58
Кон 24-часовниот општ штрајк на синдикатите се приклучуваат и возачите на автобусите, трамваите и метрото, не работат училиштата, фабриките и фирмите...

Сообраќајот во Белгија е во целосен колапс. Запрени се возовите и авионите, кон 24-часовниот општ штрајк на синдикатите се приклучуваат и возачите на автобусите, трамваите и метрото, не работат училиштата, фабриките и фирмите.
Нема летови и од аеродромите во Лиеж, Антверпен и Остенде, а Евростар од Лондон до Брисел ќе вози само до границата со Белгија.
Белгијците се незадоволни поради владините мерки за штедење и зголемувањето на возрасната граница за пензионирање.
