Македонците ретко користат медијаторство во решавање на споровите
Македонците немаат против да одат на суд. Мал е бројот на оние што знаат што е медијаторство и кои се придобивките од него. Во Тетово работи канцеларија за ресторативна правда во која до сега се решени само 20-тина случаи. Процентот во западните земји е драстично повисок...

Решавање на споровите побрзо, поефикасно и поефтино. Ова се придобивките доколу не се оди на суд, туку случаите се решаваат со медијација. Медијаторот на засегнатите страни им дава предлози за можни начини како да го решат нивниот спор. Решението, односно спогодбата, треба да биде прифатлива за сите страни.
Медијаторството во развиените земји одамна е попопуларно одколку судскиот процес, но кај нас граѓаните не се доволно информирани за него.
„Најдобро е да се оди преку медијатор. Тоа е корисно и за странките, но и за помало оптоварување на судовите. Така е најдобро да се решава, но колку ќе има успех времето ќе покаже“, смета превник од Тетово.
„Ако е така, тогаш е подобро на медијатор да се оди. Тоа што граѓаните не се информирани е друга приказна. Тука медиумите треба повеќе да информираат“, вели жител на Тетово.
Канцеларија за ресторативна правда во Тетово е отворена пред околу една година со поддршка од норвешката амбасада во соработка со релевантните институции. До сега по пат на медијаторство се решени околу 20 спорови.
„Постапката за медијација е кратка, ефикасна и ефтина. Со стариот закон, постапката за медијација траеше најмногу 45 дена. Доколку во тој период не се постигне спогодба, постапката за медијација се прекинува“, изјави Љатиф Шабани.
Законот за медијаторство кај нас е донесен во 2006 година, но заинтересираноста кај граѓаните е ниска.
За разлика од граѓаните на САД и ЕУ, македонците, во најголем дел, своите спорови ги решаваат преку суд. За придобивките од медијаторството веријатно не се доволно информирани.
Во САД дури 95 проценти од случаите се решаваат со медијација, а во Европската унија од 50 до 75 проценти.
Според познавачите потребно е вклучување на сите релевантни институции за ваквиот начин на решавање на споровите да стане попопуларен и нај нас.
Зоран Јованоски
