Повредени повеќе лица во верижен судир кај Волково
15.12.2014 11:36
Според полицијата, лицата кои се пожалиле на повреди се пренесени на скопските клиники...

Верижен судар на повеќе возила се случи изутрина околу 8 часот кај клучката Волково на обиколницата кај Скопје, при што се повредени неколку лица, информираат од СВР Скопје.
Според полицијата, лицата кои се пожалиле на повреди се пренесени на скопските клиники.
Изутрината се случи сообраќајка и на патот кај клучката Хиподром, кога автомобил излета од пат и удри во заштитна ограда. Од ударот е повреден возачот, кој е пренесен во Клиниката по хируршки болести „Св. Наум Охридски“
Според првичните информации на полицијата , возило „Митцубиши колт“ со скопски регистерски ознаки од засега непознати причини излетало од патот и удрило во заштитната ограда
