Атлетика

Допинг аферата ја тресе светската атлетика

15.12.2014 12:03

Мислењето на Себастијан Коу во својство на потпретседател на ИААФ и кандидат за претседателската функција на изборите во 2015 година, деновиве провејува низ светските медиуми. Коу смета дека ова допинг обвинување е лошо како што беа и случаите со Бен Џонсон, Мерион Џонс и „Балко“...

Документарниот филм во три дела емитуван на германската телевизија во кој Светската атлетска федерација се обвинува за неуспешно спроведена истрага на 150 примероци од крв главно на руски спортисти, ја тресе атлетиката.

Мислењето на  Себастијан Коу во својство на потпретседател на ИААФ и кандидат за претседателската функција на изборите во 2015 година, деновиве провејува низ светските медиуми. Коу смета дека ова допинг обвинување е лошо како што беа и случаите со Бен Џонсон, Мерион Џонс и „Балко“.

„Ова е морничава недела за атлетиката.Оваа невкусна епизода мораме да ја завршиме што е можно побрзо. Јас не знам за каква и да било листа. Германскиот новинар мисли дека нашата организација е извалкана и јас разбирам зошто луѓето го поставуваат ова прашање. Ако има таква листа, тоа е работа за нашата анти-допинг агенција. Не треба да се плашиме од резилот, ние мораме да дојдеме до коренот на ова!“-вели Себастијан Коу.