Густата магла продолжува да предизвикува проблеми во авиосообраќајот

15.12.2014 12:19

Како што соопшти „ТАВ Македонија“, од 20 часот вчеравечер до осум часот утринава се пренасочени два, а откажани се шест летови...

Маглата го затвори аеродромот „Александар Велики“. Откажани се сите полетувања, а нема услови ниту за слетување. Воздухопловите се пренасочуваат кон охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“. Утрово не беше реализиран летот за Лондон, а летовите од Франкфурт и од Виена беа пренасочени кон Охрид.

Како што соопшти „ТАВ Македонија“, од 20 часот вчеравечер до осум часот утринава се пренасочени два, а откажани се шест летови.  Од компанијата истакнуваат дека и покрај одложувањата и откажувањата предизвикани од временските услови, патниците мора да пристигнат на аеродромот со цел да го регулираат правото на купениот авионски билет.

„ТАВ Македонија“ ги упатува патниците сите детали за промените во редот на летање да ги обезбедуваат преку веб-страницата на скопскиот аеродром.