Девет лица полесно повредени во верижниот судир кај Волково

15.12.2014 12:38

Учествувале 19 возила и за среќа има само 9 полесно повредени лица кои се пренесени и згрижени на скопските клиники...

Густата магла околу осум часот утринава најверојатно беше причина за верижниот судир на патот кај клучката Волково, на обиколницата околу Скопје.

Учествувале 19 возила и за среќа има само 9 полесно повредени лица кои се пренесени и згрижени на скопските клиники.

Полицијата работи на утврдување на причините за сообраќајната незгода.