Значително намалување: Бензините од полноќ поевтини за 4,5, дизелот за 4 денари

15.12.2014 12:43

Согласно денешната одлука, новата цена на литар Еуросупер БС-95 изнесува 65,5 денари, додека литар Еуросупер БС-98 ќе се продава по 67 денари...

Малопродажните цени на бензините поевтинуваат ноќеска на полноќ за 4,5 денари по литар, додека цената на литар дизел се намалува за четири денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно денешната одлука, новата цена на литар Еуросупер БС-95 изнесува 65,5 денари, додека литар Еуросупер БС-98 ќе се продава по 67 денари.

Малопродажните цени на Еуродизелот ќе изнесува 56 денари за еден литар, додека цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 44,5 ден/лит.

Поевтинува и цената на мазутот и тоа за за 3,354 денари по килограм, со што новата цена на мазутот М-1 НС изнесува 27,512 ден/кг.