Ракомет

Стартува операцијата Катар

15.12.2014 14:45

21 ракометар е на списокот на селекторот Ивица Обрван кои на 21 месецов ќе стартуваат со подготовките за светското...

Светското првенство на почетокот на 2015-тата е големиот предизвик за една од најдобрите генерации во историјата на македонскиот ракомет, да се продолжи континуитетот, да се обезбеди што подобар пласман и крајната цел, да се избори шанса за историски настап на олимписките игри во Рио во 2016-тата како круна на кариерите на повеќето од нашите репрезентативци.

21 ракометар е на списокот на селекторот Ивица Обрван кои на 21 месецов ќе стартуваат со подготовките за светското. Составот и изборот главно очекуван:Ристовски,Митревски и Ангелов конкурираат за голманската позиција, за крилните повикани се  Мансаков,Ојлески,Георгиевски,Недановски и Златко Мојсоски,а на 6-те метри ќе се подготвуваат Димовски,Никола Маркоски и Стоилов.

На бековските позиции ќе бидеме  посилни за Наумче Мојсоски кој поради повреда не настапи на европското во Данска,десната страна ќе ја покриваат Кире Лазаров и Вугринец, левата Филип Лазаров и најмладиот во составот Филип Талевски, а задолжени за организација ќе бидат Миркуловски,Прибак и Стојчевски,поддржани од експерите за одбрана Јоноски и Велко Маркоски.До новагодина македонската селекција ќе се подготвува во Скопје со две контроли против Израел, по празниците ќе замине на турнир во Париз ,а оттаму во Катар на мегдан со Хрватска,Босна,Австрија Тунис и Иран во рамките на групата од која ќе се бара едно од првите 4 места што водат во осминафиналето.