Историјата се повторува
Реприза на ланскиот нивен судир, на исто рамниште што имаше триумфален епилог за Каталонците. Дали над Реал Мадрид одново се сјаи среќната ѕвезда?

Претставниците на 16-те клубови, кои ја преживеаја групната фаза од Лигата на шампионите, денеска во Нион веруваа во среќната рака на некогашниот германски фудбалски ас Карл Ханц Ридле.Жрепката сакаше неколку лански погледи одново да се вкрстат. Од неколкуте 1/8 финални хитови, со најголема привлечност веројатно е дуелот на фудбалски силните и финансиски моќните Манчестер Сити и Барселона. Реприза на ланскиот нивен судир, на исто рамниште што имаше триумфален епилог за Каталонците. Дали над Реал Мадрид одново се сјаи среќната ѕвезда?
Патот до десетта, актуелна титула го водеше преку Шалке со големата резултатска надмоќност од 6:1 и 3:1.Одново почетната станица на кралскиот клуб во нокаут фазата е Гелзенкирхен. Со одмазнички елементи ќе е новиот судир меѓу Пари Сен Жермен и Челзи. Пролетта ги играа ¼ финалните мечеви исполнети со набој и драматика,со 3:1 во Париз и 2:0 во Лондон, во кои голот во гости на Челзи беше пресуден. И уште една англиско-француска битка ќе му даде обележје на 1/8 финалето: меѓу Арсенал и Монако.
Пред 17 години во Минхен Јувентус и Борусија Дортмунд ја војуваа една од историските свои битки во финалето од Лигата на шампионите.Борусија славеше со 3:1. Јунакот беше Карл Хајнц Ридле со два гола, истиот чија рака во денешната жрепка двата тима одново ги насочи еден на друг. Баер Леверкузен се испречува пред актуелниот вицешампион Атлетико Мадрид. Баерн од Минхен пред себе го има непредвидливиот Шахтјор,а Базел преку двојниот европски првак Порто ќе се обиде да стигне до првото свое ¼ финале. Првите 1/8 финални мечеви се поделени во 4 натпреварувачки сеанси на 17,18,24 и 25 февруари, а реваншите ќе се одиграат во март 2015 година.
