100 милиони Американци заглавени во снежна бура
Уште едно силно снежно невреме ги погоди североистокот на САД и Канада, уште неотстранети последиците од предновогодишното. Силните снежни врнежи што се движеа од средниот исток во градот Боксфорд во Масачусетс натрупаа рекордни 53 сантиметри. Њујорк и Њу Џерси очекуваат до 25 сантиметри снег и температура од минус 13 степени, поради што властите прогласија вонредна состојба и им препорачаа на жителите да останат во своите домови за да можат да работат надлежните служби.
Дан Лосквандро, безбедност на патишта од Њујорк

Штом невремето ќе удри со полна сила, ќе излеземе со механизација. Ќе го исчистиме снегот, а потоа ќе фрламе снег и сол на исчистените улици.
Многу училишта и бизниси затворија по предупредувањата дека невремето ќе се влоши, а затворени се повеќе патни правци и откажани се над 2 илјади летови и над 7 илјади доцнења. Специјални тимови на улиците на Њујорк и Бостон ги засолнуваат бездомниците на топло.
Жител на Бостон
Мислам дека ќе не затрупа, ќе снежи цела ноќ, до утре, но знаете, ова е Бостон.
Жител на Бостон
Вака е уште од полноќ синоќа, а најдоброто штотуку доаѓа.
Силни снежни врнежи се очекуваат и во Вермонт, Њу Хемпшир и во Мејн, каде што многу домови се уште се без струја по неодамнешниот мраз. Во Индијана поради снег на патот се случи тешка сообраќајна несреќа во која загина 1 човек. Во Филаделфија работник загинал кога врз него паднало големо парче сол за чистење патишта.
Ивана Салтировска