Поради пренасочувањето на летовите, охридскиот аеродром работи под полна пареа
Изминативе два дена поради густата магла во Скопје сите авиони од Скопскиот аеродром се пренасочени на Охридскиот, но и на Приштинскиот аеродром. Овде владее вистински метеж, но добро е што овој аеродром беше реконструиран па може да ги прими сите слетувања и сите полетувања...

Охридскиот аеродром работи под полна пареа. Патниците смирено и без нервоза го чекаа својот лет. За линијата Скопје- Љубљана имаше организиран превоз до Охрид. Велат нема што да се прави против природата.
„Ние сме од Словенија, тиристички бевме тука, требаше да тргнеме од скопскиот аеродром, но поради маглата еве ќе полетаме од Охрид“, вели патникот од Словенија.
„Од Скопје требаше да летам за Љубљана. Тука во Охрид не донесоа со автобус“, додава друг патник
Некои од патниците на Охридскиот аеродром допатуваа во сопствена режија.
„Немаше превоз. Мене тука ме донесе еден мој пријател“, вели патник за Цирих.
Некои авиони и покрај маглата во Скопје се обиделе да слетаат на Скопскиот аеродром, но без успешно.
„Доаѓаме со Флај Дубаи. Се обиде пилотот два пати да слета во Скопје, но не можеше. Кружеше над Македонија скоро два саати и после тоа одлучија да не пренасочат за Охрид“, вели патничка од Дубаи.
За среќа временските услови на Охридскиот аеродром дозволуваат нормален авиосообраќај.
Јованчо Наумоски
