Врие на шалтерите: Досега поднесени над 46 илајади барања за откуп на дворно место
Чекаат со часови, а можеле за пет минути да завршат се. Ама секој од нив со своја приказна, зошто го чека последниот ден...

Врие пред шалтерите каде се поднесуваат барањата за откуп на дворното место. Во подрачното одделение Чаир, асистира и полицијата. Турканица и кавга има сега, наместо навреме да се поднесуваат документите. Чекаат со часови, а можеле за пет минути да завршат се. Ама секој од нив со своја приказна, зошто го чека последниот ден.
„Сум аплицирал компјутерски, но ми кажуваат дека не важи... Не знаев дека денеска е последен ден... Бев зпречен да дојдам навреме“, велта граѓаните кои ги затекнавме.
А во просториите за прием, вработените трпеливо им објаснуваа.
Оние што добија бројче излегоа задоволни.
„Поднесов документи, па ќе видиме што ќе треба понатаму да се прави“, додава друг граѓанин.
Досега се поднеснеи над 46 илјади барања. Ова е последниот ден од рокот за аплицирање.
Освен на шалтерите, граѓаните барањата можат да ги испраќаат и преку пошта, во препорачано писмо.
Фиљана Кока
