Крај на заложничката драма во Сиднеј- полицијата упадна во кафулето

15.12.2014 17:10

Судбината на заложниците и киднаперот засега е непозната...

Австралиски полицајци упаднаа во кафуле во Сиднеј, каде маж повеќе од 16 часа држеше под заложништво непознат број вработени и гости во локалот. 
 
Полицијата употреби флеш-бомби за упад во кафулето, објави Си-Ен-Ен, додека според австалиската телевизија Еј-Би-Си во акцијата е застрелано најмалку едно лице.
 
Судбината на заложниците и киднаперот засега е непозната.