Се интензивира економската и политичка соработка меѓу Македонија и Саудиска Арабија
Саудиска Арабија својот капитал го дисперзира купувајки акции низ светот, вложувајки во различни инвестиции и градби. Посочувајки ги гринфилд инвестициит кои етаблираа бизнис во Македонија, Груевски ги покани компаниите да разлислат, да инвестираат во државава...

Саудиска Арабија ги отвора портите за интензивирање на економската и политичка соработка со Македонија. Во Ријад, премиерот Груевски и престолонаследникот Абдулазис Ал Сауд размениле мислења и ставови за продлабочување на односите мегу двете земји. Договорот за одбегнување на двојното оданочување е дополнителен импулс за зголемување и на трговската размена.
„Инициравме и потпишување на поголем број на други договори за кои што верувам дека во иднина ќе се развие комуникација и ќе се дојде до нивно потпишување. Разговаравме и на повеќе други теми, како политички, така и економски. Разговаравме и за можностите за инвестирање од страна на компаниите од Саудиска Арабија во Република Македонија“, изјави премиерот Никола Груевски.
Саудиска Арабија својот капитал го дисперзира купувајки акции низ светот, вложувајки во различни инвестиции и градби. Посочувајки ги гринфилд инвестициит кои етаблираа бизнис во Македонија, Груевски ги покани компаниите да разлислат, да инвестираат во државава. Престолонаследникот изразил подготвеност за соработка и подршка.
„Саудиска Арабија е подготвена да соработува со различни проекти од областа на земјодлеството, прозиводство на храна, инфраструктурата, енергенсите. Ги подржува инцијативите за потпишување на договори со кои ќе се олесни и поттикне економската соработка и размена“, оцени престолонаследникот Абдулазис Ал Сауд.
На средбата на која присуствувале високи владини делегации од двете земји, добил покана од премиерот Груевски да ја посети Македонија.
„Ова е добра можност за да добро се престави не само политичката позиција и ориентација на Република Македонија и да се засилат нашите релации и односи, туку и да се претстави економската, инвестиционата бизнис можност што Република Македонија ја нуди за да се привлече капитал, инвестиции и да се отворат нови работни места во државата”, изјави премиерот Груевски.
Владината делагција Вечерва има бизнис форум во Ријад, утре ќе ги престави можностите за инвестирање во Џеда, вториот по големина град во Кралството Саудиска Арабија.
Сузана Фданска- Стоевска
