Метео

15.12.2014 17:13

Во попладневните часови ќе потпаднеме под влијание на влажен бран кој ќе ни донесе повремени врнежи од дожд...

Во вторник утрото ќе го започнеме ниски температури и слаба магла по котлините и долж Повардарието,а преку ден ќе биде умерено до значително облачно со слаб ветер од југо-источен правец.
 
Во попладневните часови ќе потпаднеме под влијание на влажен бран кој ќе ни донесе повремени врнежи од дожд, најпрво зафаќајќи ги западните делови од земјава, а во текот на ноќните часови кон среда низ целава земја ќе има слаби локални врнежи од дожд.
 
 
За подетални информации гледајте МЕТЕО со метеорологот Ирена Лазарова - Димитровска...