Крај на драмата во Сиднеј
Четириесетина заложници 17 часа беа затворени во кафуле од вооружениот иранец Харон Монис. Стотина полицајци, снајперисти и екипи на брза помош се на местото на инцидентот...

Еден загинат и петмина сериозно повредени заложници е билансот од заложничката драма во кафулето Линд во Сиднеј. Локалните медиуми соопштија дека во акцијата е убиен и киднаперот.
Четириесетина заложници 17 часа беа затворени во кафуле од вооружениот иранец Харон Монис. Стотина полицајци, снајперисти и екипи на брза помош се на местото на инцидентот.
Полицијата не соопштува дали има повредени припадници на силите за безбедност. Сведоците велат дека за време на акцијата се слушале пукотници и шок бомби.
Непосредно пред упадот во кафулето полицијата преговараше со теористот, и го идентификуваше педесетгодишниот Харон Монис, радикален исламист, кој барал азил во Австралија, и бил на условна казна поради неколку кривични дела.
На полицијата и бил познат и по неговите писма полни со омраза кои им ги праќал на семејствата на војниците кои загинале во Авганистан.
„Ова пенкало е мојата пушка, а зборовите се моите куршуми“, рекол Харон Морис.
Овие вработени во кафулето Линд, имале среќа што не се смена.
„Навистина не знам што се случува. Јас работам во кафулето, кога дојдов до вратата беше заклучена, а тоа е чудно. Внатре имаше човек со брада и капа“, вели Бруно, вработен во кафулето Линд.
„На интернет видов што се случува, неколкумина кои беа до прозорецот веднаш ги препознав“, изјави Кетрин Чин, вработена во кафулето Линд.
За време на заложничката драма, САД ја евакуриаа амбасадата во Сиднеј, која се наоѓа во непосредна близина на кафулето и ги предупредија своите граѓани да се грижат за личната безбедност.
Австралија е еден од главните сојузници во коалицијата предводена од САД што се бори против Исламска Држава во Ирак и во Сирија.
Марија Петковска
