Ракомет – ЕП жени

Норвешка ита кон медал!

15.12.2014 23:00

На коло до крајот на главната фаза, петкратниот европски првак Норвешка ја обезбеди најдобра позиција во групата 1 со победата против отпишаната Полска со 36:24...

Женската ракометна репрезентација на Норвешка е првата којашто се палсираше во полуфиналето на Европското првенство чијашто завршница се одржува во Унгарија. На коло до крајот на главната фаза, петкратниот европски првак Норвешка ја обезбеди најдобра позиција во групата 1 со победата против отпишаната Полска со 36:24. За максимален ефект од пет триумфи и за недостижни осум бода во втората рунда, најзаслужна беше Мерк со 11 гола.

На Норвежанките им одговараа и резултатите во другите два меча. Домаќинот Унгарија загуби од Данска со 23:20 и се прости од можноста за влез во големата четворка. Сега Данките кај коишто  најефикасна беше Јоргенсен со шест гола, се најблиску до полуфиналето затоа што во директниот дуел в среда против Шпанија доволно им е и нерешено. Во непријатна ситуација, шпанските ракометакри се доведоа затоа што загубија од Романија со 22:20. На голот на Романките блескаше Унгуреану со 20 одбрани.

Теоретски по утрешното коло никој од групата 2 не може да обезбеди борба за медал. Водечката Холандија со пет бода ќе игра против актуелниот првак Црна Гора којашто има четири. Второпласираната Шведска со пет и треторангираната франција со три бода ќе играат со репрезентации коишто немаат шанси з аплофинале. Швеѓанките со Словачка, а  Французинките со Германија.