Растоварено по поени и сетови
Денеска во 18 часот македонските одбојкари влегуваат во последниот трет филтер за можен најголем одбојкарски национален успех, пласман на светски собир.

Денеска во 18 часот македонските одбојкари влегуваат во последниот трет филтер за можен најголем одбојкарски национален успех, пласман на светски собир.
Бронзените од последниот мундијал и европско србите, се првата пречка, селекција преку која на нивен паркет во Ниш ќе се направи обидот за стартно изненадување. Оние едвм собрани единаесетмина кои ги има на располагање селекторот Жарко Ристоски, горат од желба за поен плус, од друга страна пак, крајно растеретени влегуваат во секој меч. Оние што се од спротива на мрежата на нашите ја имаат главоболката и притисокот, со сигурност да се оди на триумф.
Пеколна е нишката група, покрај домаќинот, словенците и португалците се противниците следниве три дена во квалификацискиот краен епилог.
Пет вакви турнири се играат низ Европа за пласман на планетарниот шампионат во септември месец во Полска. Првопласираните репрезентации и најдобрата втора од 5-те групи ќе ја имаат светската одбојкарска привилегијата.
Шесте европски репрезентации ќе се приклучат на Полска која како домаќин е директен учесник на светското, како и актуелниот континентален шампион Русија и финалистот на истото Италија.
Од Африка на светското ќе партиципираат три селекции, од Азија и Океанија четири, а од Американскиот континет осум.
