Црвена Звезда го израмни рекордот на Олимпија!
Црвено-белите продолжуваат со максималниот ефект во АБА лигата, победија со 76:71 против гостинот од Александровац, но не беа убедливи и уверливи. Беа натскокани, на двата краја од теренот...

Звезда победи и против Игокеа, ги повтори историските 12 триумфи од стартот на Унион Олимпија пред 13 години. Овој МЗТ Скопје, во ваков состав, од овој натпревар може да научи многу, особено како треба да се игра против фаворитите.
Црвено-белите продолжуваат со максималниот ефект во АБА лигата, победија со 76:71 против гостинот од Александровац, но не беа убедливи и уверливи. Беа натскокани, на двата краја од теренот. Звезда имаше 19 дефанзивни со 9 офанзивни, Игокеа оствари 20 со 11 скокови.
Најдобар стрелец на мечот беше гостинот Буниќ со 14 поени, еден помалку имаше Калиниќ кај домаќините. Сите што влегоа во игра, Вилијамс не играше, се запишаа во листата на стрелците, освен Ребиќ и можеби таа изедначеност во учинокот и ја донесе на домашната екипа најзначајната победа во финишот на годината. Не дека беше тежок противникот, туку во психолошки тежок меч, по исцрпувачкиот ритам АБА – Евролига, останува победничкиот меналитет.
МЗТ Скопје славеше против Игокеа, но од тимот од Александровац треба да се извлече пуката како се игра на паркетот на однапред запишаниот победник. На нашиот шампион му престои тешка серија од 3 натпревари во една недела. На 22-ри во Скопје против Звезда, уште еден домашен дуел со Мега на 25-ти, на 27-ми се оди на долг пат до Задар, кој што пат од друга страна има победа против Партизан.
Чудна е оваа сеозна во АБА лигата. МЗТ е на само 2 победи од група тимови кои што гравитираат од 5-та до 10-та позиција. Аеродромци се пред Левски и Игокеа, имаат исти 4/8 со Металац, но со послаба кош разлика.
