Абот: Австралија е подготвена да одговори на насилството

16.12.2014 09:28

Премиерот на Австралија го опиша напаѓачот Ман Харон Монис како „заслепен од екстремизам и ментално нестабилна личност“ а целиит случај во сиднејското кафуле „Линд“ го оквалификува како „страшен инцидент“...

Австралискиот премиер Тони Абот по завршувањето на 17-часовната заложничка криза во Сиднеј, изјави дека во изминатото деноноќие градот бол протресен од трагедија која никој не можел да ја замисли.
 
Во првата изјава за медиумите, Абот го опиша напаѓачот Ман Харон Монис како „заслепен од екстремизам и ментално нестабилна личност“ а целиит случај во сиднејското кафуле „Линд“ го оквалификува како „страшен инцидент“.
 
Според австралискиот премиер, станува збир за лекција која Австралија ќе треба да ја научи, по нејзиното прво соочување со тероризмот.
 
Сето ова покажа дека и земја каква што е Австралија-слободна, отворена и великодушна, е ранлива на политички мотивирано насилство, рече премиерот Абот, порачувајќи дека земјата е подготвена да одговори на ваквото насилство.
 
Две лица меѓу заложниците, како и напаѓачот, иранскиот имигрант Ман Харон Монис, беа убиени при операцијата на австралиските командоси за спасување на заложниците.