Седумкратно убиство во Пенсилванија
Мотивот за крвавото дивеење биле нерасчистени брачни односи...

Во американската држава Пенсилванија во тек е масовна потера по вооружен напаѓач. 35-годишниот Бредли Стоун е осомничен дека ја убил поранешната сопруга, по што влегол во автомобилот и почнал еден по еден да ги убива нејзините роднини. Ги застрелал мајка и, баба и, сестра и и нејзиниот сопруг, како и нивната 14-годишна ќерка.
„Беше страшно. Младо девојче. Жената беше многу добра, се грижеше за децата“, изјави Ди Фека, соседка.
Мотивот за крвавото дивеење биле нерасчистени брачни односи. Тој и поранешната сопруга Никол Стоун воделе судски спор за старателството на нивните деца, кои во моментот биле на безбедно.
Полицијата го опколи неговиот дом во Пенсбург, но ја продолжи потрагата на повеќе локации, бидејќи добиле дојава дека човек со неговиот опис се обидел да украде автомобил.
„Слушнавме истрел и видовме како излегува чад. Тогаш влеговме внатре бидејќи не знаевме дали е безбедно“, изјави очевидец.
Полицијата се сомнева дека е вооружен и опасен и ги предупреди жителите на Пенсбург да не излегуваат од своите домови. На локалните училишта им е издадена наредба да ги задржат учениците во просториите.
Ивана Салтировска
