Најмалку 84 жртви во напад на воено училиште во Пакистан

16.12.2014 11:11

Шест милитанти влегле облечени во воени униформи, по што одекнале експлозии. Бројот на загинати расте од минута во минута...

Заложничка драма во Пакистан. Талибанци упаднаа во воено училиште во Пешавар, и држат околу 500 ученици и професори.

Последните информации од пакистанските власти велат дека досега загинаа најмалку 84 лица.

Шест милитанти влегле облечени во воени униформи, по што одекнале експлозии. Бројот на загинати расте од минута во минута.

Војската го опколи училиштето, а над него надлетуваат хеликоптери.

Талибанците соопштија дека нападот е одговор на армиските операции, во кои неодамна загинаа голем број исламисти.