Последна контрола пред ЕП Данска 2014
Мак репрезентативна нота на денешниов трет ден од годинава покрај одбојкарите ќе дадат и ракометарите.
Тие, завршниот подготвителен дел и натпреварувачка контрола за мисијата евро 2014 Данска, ќе ја направат во СРЦ Кале преку тридневниот турнир. Во 18.30 ќе се случи првото преслушување во дуел со Црна Гора, два дена потоа на 5-ти и со Србија, обете селекции учеснички на европското.

Малерозните вести продолжуваат да демнат од нашиот национален табор. И Пецаковски вчера остана без тренинг по повредата на коленото, па денешните прегледи ќе ја дадат конечната вест, ќе го имаме или не левиот бек на Металург на оваа критична позиција во Данска.
50 денари е цената на билетите за поддршка на нашите ракометари, која секако доаѓа и од Македонската телевизија која низ пренос на прва ќе ја доближи континенталната ракометна атмосфера.