Градежна експанзија во Прилеп- фокус на патната инфраструктура
Годинава во Прилеп се случи градежен бум, особено во изградбата на патната инфраструктура како во градот така и до руралните околни места. Се изградија и индустриски, услужни и други јавни капацитети. Следната 2015-та година, според годишните програми на локалната самоуправа ќе биде во знакот на економијата...

2014-та беше година со најголеми градежни активности досега за Прилеп. Нови булевари, авении, плоштади, започна изградбата на пречистителната станица проект вреден над 25 милиони евра, се градеа патишта во руралните средини, се поставуваа нови водоводи. Нема населено место каде не се реализираше по некој капитален проект. Според општината наредната 2015 година ќе биде година посветена на економијата.
„Ќе започне изградбата на инфраструктурата во Технолошко развојната индустриска зона кај Алинци, оваа година започна изградбата во индустриската зона Прилеп 1 каде што веќе има започнато изградба на неколку фабрики и погони. Наредната година ќе заврши комплетно изградбата на инфраструктурата и се изработи комплетен детален план за индустриската зона Прилеп 2, каде веќе се готови 16 парцели кои после Нова година ќе бидат дадени на продажба“, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.
Прилеп после децении во 2014 година доби капела, нова автобуска станица, се гради аква парк, а се вовде за прв пат во историјата на градот и градски превоз. Континуирано се вложуваше во реконструкција на буквално сите училишта во целата општина, а се градат и две големи спортски сали.
Се инвистираше и во спортскиот туризам, Прилеп доби европска мото крос патека, а кај манастирот Трескавец се изгради и ново модерно полетувалиште за параглајдери, кои веќе започнаа да привлекуваат стотици љубители на екстремните спортови.
Граѓаните велат наголемо се чувствува подобрувањето на квалитетот на живее.
„Убаво е се што се гради, задоволни сме од тоа како се развива градот, сите проекти се одлични за нас“, велат анкетираните прилепчани.
За 2015-та година се планира реновирање на железничката станица, изградба на нови училишта, градинки, паркови и плоштади во центарот на градот.
Дарко Штаргоски
